Македонија
13. August 2025 - 13:56

Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против 14-годишник од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил шест кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека со употреба на сила  влегол во неколку приватни имоти во Куманово и одзел пари и предмети.