Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш

Ситуацијата со пожарите во Албанија и понатаму сериозна, посебно во подрачјето на Грамш и Делвина на југот на земјата, објави министерот за одбрана Пиро Венгу.
-Во овие две подрачја, во моментов, во борбата против пламените јазици дејствуваат пет хеликоптери, од нив три хеликоптери во Грамш, а два други во Делвина. Обемната операција за гаснење пожари продолжи без престан во текот на целата ноќ за да се ограничи периметарот на пламените јазици во близина на станбените области и националните паркови низ цела Албанија, напиша Венгу.
Додава дека „стотици локални припадници на службите за итни случаи и вооружените сили работат без престан во најжешките области Фуше Арез, Грамш, Тепелена, Дропул, Делвина и Финиќ“. Од синоќа голем пожар беснее и во општина Булќиза, на албанско-македонската граница, кај Дебар.
Според генералниот директор на Националната агенција за цивилна заштита, Хаки Чако, околу 10 илјади пожарникари, полициски службеници, припадници на армијата, доброволци се вклучени во гаснење на пожарите низ целата земја.
Како што пренесуваат медиумите во подрачјето на Грамш, 6 села се целосно изгорени, едно е зафатено од пламените јазици, а уште едно е многу блиску и постои опасност и тоа да биде зафатено.
-Тешка ноќ помина во градот Делвина, каде што голем пожар им се закануваше на жителите и локалната инфраструктура. Борбата со пламените јазици беше херојска, со учество на противпожарни сили од јужните општини, екипи од Тирана, армиски сили и локални жители, кои овозможија гаснење на пожарот во близина на градот, наведува Топ чанел.
Поради опасноста од пожарот да ја зафати и болницата, во текот на ноќта евакуирани се пациентите и се сместени во Кино-театарот во градот а дислоцирани биле и боците со кислород. Од загрозените делови на градот биле евакуирани жените, децата и старите лица, додека мажите останале и учествувале во локализирање на пожарот.
Во текот на ноќта, поради чадот и условите создадени од пламенот, 10 лица, меѓу кои и четири војници, добиле медицинска помош поради задушување во просториите на Кино театарот, каде што привремено е сместена службата за итна помош.
Ново на Сител
-

МВР: Уапсен турскиот државјанин кој синоќа удри во контејнери и возило во Аеродром и избега од местото
-

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
-

Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици
-

Турчин во Скопје со возило удрил во контејнер, па во друго возило, и пробал да избега од полицијата
-

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо
-

38-годишник од Скопје со возило удрил во полицаец и го повредил
-

За два дена, во Скопје приведени 10 лица кои поседувале дрога, најмладиот има 14 години
-

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“
