ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е пиунот на Заев, лика и прилика на заевизмот со сите нишани
Димитар Ковачевски е пиун на Зоран Заев и верен продолжувач на заевизмот. Цело време молчеше додека заевизмот ја туркаше Македонија во кризи, па и самиот беше учесник во лошите политики на власта, и затоа сега тој не може да се нуди како решение.
Ковачевски пиунот на Заев е лика и прилика на Заевизмот со сите нишани, почнувајќи од неодговорноста, па до манипулациите.
Ковачевски, пиунот на Заев, беше фатен во пропагандната лага на заевизмот која се обидуваше да го прикаже како хардварски студент, а всушност тој посетувал неколку дневен скапо платен курс. Уште повеќе што постои основан сомнеж како ја стекнал и неговата докторска титула, имајќи предвид дека докторатот го одбранил во Црна Гора во време кога неговиот татко е амбасадор во таа земја, а тој во исто време е носител на висока позиција во македонскиот телеком.
За докторски студии потребно е докторантот да престојува во земјата каде се наоѓа Универзитетот, да врши истражувања и друг вид активности. Но очигледно во заевизмот се е можно.
Ковачевски, пиунот на Заев не може да биде иднината на Македонија. Тој може да биде само верен послушник и ништо повеќе.
Вистинскиот напредок на Македонија е можен само со пораз на заевизмот на предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид