ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на скафандер министерката е жива бедотија
Скандалозната изјава на министерката за култура со која најавува цензура на културното творештво не е ништо друго освен спроведување на Протоколот на дело. Министерката позната на пошироката јавност како Скафандер меѓу редови им порача на уметниците да не творат на историски теми бидејќи тоа е враќање кон мрачни времиња и дека историјата била затвор која не ни давала напредок.
Да имаше две чисти од културата оваа министерка ќе знаеше дека најзначајните дела во македонската култура се направени токму на историскиот наратив. Затоа министерката за култура треба да си ги спакува куферите и да си замине од таа позиција, бидејќи и од скафандер министерка да е, премногу е!
Тоталитаризмот и цензурата која се обидува Костадиновска Стојчевска да ја направи е резултатот на капитулантската политика на владата на Ковачевски.
Сега Костадиновска Стојчевска секое дело во уметноста и културата кое нема да им биде по ќеф на Бугарија ќе треба да го игнорира и да не му дава државна помош. Ова е понижувачки и срамно, а изјавата на скафандер министерката е жива бедотија. Бидејќи на Костадиновска Стојчевска не и се допаѓа македонската култура, се срами и ја навредува македонската уметност, најмалку што може да направи е да си поднесе оставка.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс