Македонија
3. January 2025 - 12:35

Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет

Едногласно со 13 гласови За, Александар Камбовски е избран за нов претседател на Судскиот совет. За прв човек на телото кое унапредува и разрешува судии го предложи судијата Исамедин Лимани, а намера да го предложи имала и Весна Дамева. Членовите на советот имаа само пофални зборови за Камбовски.

Новоизбраниот претседател вети дека институцијата ќе ја води со интегритет, непристрасност и враќање на довербата кај граѓаните. Судиите кои не ги почитуваат законите и работат под влијание, вели ќе бидат санкционирани.

Најавите за разрешување на членовите избрани од Собранието не ги коментира, ама очекува закаондавниот дом да ги почитува законите. Смета дека за успешна работа, неопхсадна е соработка со владата и Собранието.

Александар Камбовски за член на советот беше избран во јуни лани. 20 годишната кариера ја почнал во Битолскиот суд, работел како адвокат а во Судски доаѓа како судија од Апелациониот суд во Битола.