ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните
6.7% инфлација и намалена економска активност, со Ковачевски државата е во стагфлација.
Во јануари стапката на инфлација изнесува 6.7%.
Во изминативе година и половина цените на горивата се зголемени за скоро 100%. Додека цените на основните намирници како брашно, зејтин, леб итн. и до 70%.
И додека цените растат, платите и пензиите не се зголемуваат.
Ковачевски и СДСМ одбија да се зголемат пензиите за 20% веднаш, и наместо тоа предлагаат покачување од 5.5% од септември.
Ковачевски е против зголемување на платите во јавниот сектор, а нема никаква помош нити за стопанството.
Наместо 50% намалување на акцизата за горивата, владата ја намалува за само 30%.
Нема мерка, проект или политика на владата која вродува со плод, затоа што сите мерки се задоцнети, а инфлацијата ги јаде платите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Зајкова: Ќе лобираме кај нашите европски партнери
-
Охрид го живее шпицот на сезоната
-
Високите температури ја полнат струмичка брза помош
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници