Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две возила на експресниот пат Штип - Велес
Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип - Велес загинал маж, а 18-годишно момче е тешко повредено. Увид направила екипа на СВР Штип, потврдија за МИА од МВР. На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес.
Како што информираат за МИА од Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за несреќата биле повикани во 14.20 часот и за десетина минути стигнале на местото на несреќата - на крстосницата кон село Иванковци кај силосите.
Д-р Елена Најдовска изјави дека констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој починал на самото место на директниот судир. Рече дека веднаш му укажале лекарска помош на 18-годишното момче од Струмица кое било во другото возило. Имал повреди на карлица, на десно колено и на главата, но бил свесен и контактибилен.
По укажаната прва медицинска помош, екипата од Итната помош го пренеле повреденото момче на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Општа болница Велес.
Екипа на СВР Штип прави увид на местото по што ќе бидат соопштени детали за несреќата.
Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај попладнево информираше дека сообраќајот на експресниот пат Штип - Велес е во прекин во двата правца.
Ново на Сител
-
ЕСМ: Од 15 октомври започнува грејната сезона во Скопје
-
Поевтинуваат горивата
-
Две години условна казна и 2.500 евра за Мерко за незаконско поставување директори во две училишта
-
Повторена пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки-13 осуден на пет години затвор
-
Почина Илија Темелковски - човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот
-
Кривична против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово
-
МЗ: Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи
-
Судот ги одби наводите на одбраната дека Штекли не е способен да го следи судењето на главна расправа