ВМРО-ДПМНЕ: Единствениот проект во енергетиката е што Заев ја поскапе струјата
Зоран Заев и СДСМ одново ги верглаат истите лаги, само препакувани во нови планови со нови бројки.
Во енергетиката не направија ниту еден проект во овие 4 години, освен ако не го сметаат поскапувањето на струјата кое пост изборно среде епидемија го направија на шверцерски начин. Со тоа Македонија стана единствената земја во
Европа која поскапи енергенс во време кога граѓаните се соочуваат со епидемија.
Сите проекти кои сега ги ветуваат ги ветуваат и пред 2, 3 и 4 години наназад.
Проектот Чебрен Зоран Заев вети дека ќе почне да се гради уште во 2019 година, а до ден денес нема ништо. Истото е и со гасификацијата на ТЕЦ Неготино. Владата на Заев поради својата неспособност не успеа да ја заврши гасификацијата на државата, нешто што им беше оставено во напредна фаза од страна на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Според ветувањата на Заев и СДСМ веќе требаше домаќинствата во Скопје, Штип и Битола и речиси сите градови да може да користат природен гас. Но побитно им беше да ги трошат народните пари за фотелји со телешки кожи, да вработуваат синови, ќерки и фризерки во енерегетските компании наместо да изградат нешто за граѓаните.
Како резултат на нивната неспособност Македонија во енергетскиот сектор денес во Македонија акумулациите се празни, а државата среде грејна сезона е принудена да увезува струја по повисоки цени.
Ново на Сител
-

Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост
-

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби
-

Победа за Вардар од пенал во судиското надополнување
-

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп
-

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина
-

Маж од Петровец ја удирал и гушел својата сопруга, и пробал со каиш да и ги врзе нозете
-

Вучиќ: Се извинувам за некои работи што ги кажав
-

Предложен притвор за 37-годишик за недозволено држење муниција
