ВМРО-ДПМНЕ: Дали Ковачевски го прикажува курсот на Харвард како факултетска диплома?
Заев и заевизмот се познати по своите лаги и фалсификати. Изгледа пиунот Ковачевски е одличен продолжувач на матрицата на Заев. Имено Ковачевски ја фризирал својата биографија.
Дали е точно дека Ковачевски курсот на Харвард го прикажувал како факултетска диплома? Ако е точно, тогаш направил класична лага и манипулација на јавноста, бидејќи ваквиот курс е скапо платена кратка едукација платена со неколку десетици илјади евра, со кој може да се стекне секој граѓанин со завршен факултет во земјава, само доколку има доволно пари за него за да може да плати и да го посетува.
Во тоа се гледа очајот на Заев да најде продолжувач на заевизмот, па мораше да го преставува Ковачевски како студент од Харвард за да звучи уверлив, а тој бил само курсаџија. Пиунот Ковачевски од курсаџија стана главен адут на Заев. Тажно, но вистинито.
Очигледно фарсата наречена нов лидер на СДСМ, добива нови димензии. Ковачевски е веројатно најдобриот пиун кој можел Заев да го одбере во СДСМ со цел да продолжи заевизмот и контролата на партијата како сопствена приватна фирма.
Ништо во СДСМ не се менува, заевизмот владее заедно со сиот криминален и коруптивен систем кој произлегува од него.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција
-
Дали Македонија напредува на патот кон ЕУ?
-
Жителите на Кривогаштани на протест, не даваат реконструкција на 2 моста додека не се најде алтернативен пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар