ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да ја испита постапката на изборот на персонал во воена мисија во Авганистан
НАТО значи професионализам, ред и процедури, а не политизација, субјективизам и корупција.
Со начинот на кој што Радмила Шекеринска го води Министерството за одбрана, го загрозува угледот кој Армијата на Република Македонија го градеше со години.
Скандал го тресе Министерството после испраќањето на последната воена мисија во Авганистан.
Со лична, партиска и политичка, а не професионална одлука, Шекеринска упати несоодветен персонал во последната мировна мисија.
За тоа колку е мотивиран и професионален персоналот што го испраќа во Авганистан говори и фактот што дел од кандидатите воопшто не биле заинтересирани, ниту се јавиле на конкурсот распишан од министерството.
Значи, дел од кандидатите кои Шекеринска ги испраќа ниту ги имаат поминато здравствените и физичките тестови предвидени со конкурсот, ниту за нив е направена проверка дали ги поседуваат соодветните НАТО сертификати, ниту е утврдено дали го познаваат англискиот јазик на неопходното ниво од 70%.
Скандалозно!
Да се исфрлаат професионалци кои го минале конкурсот и на нивно место да се ставаат партиски послушници е огромен удар врз армијата. Не само што ги демотивира професионалците кои сакаат и можат да одговорат на задачите, туку заради несоодветната селекција ги доведува во ризик сите членови на мировната мисија во Авганистан, вклучувајќи ги и нашите партнери.
Дали за министерката за одбрана е доволно нејзиниот кандидат да е само партиски активист на СДСМ или да е дел од коалицијата на власт?
Ваквиот однос на Шекеринска кон армијата е само продолжение на нејзиниот предлог за дополна и измена на законот за служба во Армијата во делот на поставување и унапредување на офицери во повисоки чинови. Со тој предлог Шекеринска би го заокружила целокупниот процес на ПАРТИЗАЦИЈА на Армискиот состав т.е директно врши упад во системот на командување и контрола на Генералштабот во Армијата.
Бараме Јавното обвинителство и надлежните институции во Република Македонија да ги испитаат сите овие наводи зашто се прекршуваат процедурите во изборот и упатувањето на персоналот во мисија. Дали позадината на ова е корупција и земање на мито под закрила на министерката за одбрана.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци