Македонија
13. December 2025 - 15:48

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај

Вчера (12.12.2025) во СВР Скопје било пријавено дека околу 12:00 часот, пред Основно училиште „Дитурија“ во Сарај, скопско, од страна на шест ученици физички биле нападнати двајца ученици од 9-то одделение. 

Настанот беше објавен и на социјалните мрежи, а Министерството за внатрешни работи веднаш презеде мерки и активности за целосно расчистување на случајот. 

Со родителите на нападнатите малолетници е извршен службен разговор, а исто така денес е извршен разговор и со оштетените малолетници. Кај едно од лицата од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди додека кај другиот малолетник се констатирани телесни повреди. Идентификувани се учениците кои го извршиле нападот и истите се на возраст од 13 до 15 години. Во текот на денешниот ден сите шест лица се повикани во Полициска станица. 

За настанот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство” по член 386 од КЗ на РСМ.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)