Захарова: Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Европската комисија треба да „ја напушти планетата додека постојат Руси“, коментирајќи ги наводите дека Европската служба за надворешни работи им препорачала на европските дипломати да избегнуваат настани на кои учествуваат руски претставници, како и заедничко фотографирање со нив, пренесе ТАСС.
– Според мене, сето тоа се половични мерки. Повлекување на Европската Унија од Обединетите нации додека Русија сè уште е таму би било зрела одлука. А 20-от пакет русофобични санкции не може да се спроведе без изјава дека Европската комисија ја напушта планетата сè додека постојат Руси. Ќе испратиме ракета – напиша Захарова на Телеграм.
Таа додаде дека, според неа, новото мото на Брисел станало „Фотографиите се сè, акцијата не е ништо“.
Захарова синоќа ги нарече официјалните претставници на ЕУ „измамници“ по одлуката за трајно замрзнување на руската имотна сопственост.
На коментарите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за растечките „трошоци“ на Русија поради конфликтот во Украина, Захарова изјави: „Урсула нека прави што сака…Судејќи според статистиката, земјите на ЕУ се тие што постојано ги зголемуваат своите трошоци. Какви сигнали им испраќа Урсула и за што ги казнува? Шега, се разбира. Пуштете ја Урсула во градината“, напиша Захарова на Телеграм.
Европската Унија синоќа ја потврди одлуката на неопределено време да ги замрзне средствата на руските централни банки што се наоѓаат во Европа, со што беше отстранета значајна пречка за користење на готовината за помош на Украина во одбраната од Русија. Советот на Европската Унија вчера одлучи, на привремена основа, да забрани каков било трансфер на средства на руската централна банка, имобилизирани во ЕУ, кон Русија, се наведува во соопштението објавено синоќа на веб-страницата на Советот на ЕУ.
Оваа одлука, како што се додава, е донесена по итна постапка со цел да се ограничи штетата по економијата на Унијата.
МИА
Ново на Сител
-

Русија се надева дека Трамп нема да направи „фатална грешка“ со Венецуела
-

40% од младите на 14 години веќе пушат, четири илјади пушачи годишно умираат во Македонија
-

Естонија соопшти дека руски граничари илегално влегле на нејзина територија
-

Хаос во албанскиот парламент, опозициските пратеници ја блокираа седницата
-

Кривична за 16-годишно момче од Крива Паланка за напад врз малолетник
-

Кумановец измамил две фамилии за 373 890 денари - им ветил летување во Турција
-

Акциска контрола во Тетово: Затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца
-

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри
