Властите воведоа вонредна состојба во Етиопија
Етиопските власти воведоа вонредна состојба во земјата по неколкудневните антивладини протести, кои се оценуваат како најмасовни во последниве 25 години.
Во владиното соопштение се посочува дека вонредната сосотјба се воведува со цел да се спречат „убиставта и нападите на етничка основа“.
Етиопскиот министер за одбрана Сарај Фегета синоќа изјави дека вонредната состојба е воведена на период од шест месеци, со можност за еветуално протодлжување за уште четири, но ја исклучи можноста армијата да ја преземе власта во земјата и да биде формирана преодна влада.
Согласно етиопскиот Устав, одлуката за воведување на вонредната состојба во рок од 15 дена треба да ја потврди Парламентот.
Протестите, проследени со насилство, започнаа на почетокот на неделата во провинцијата Оромија со барање за ослободување на политичките затвореници и за итни реформи.
Набрзо по стартот на протестите премиерот Хајлемаријам Дасалан поднесе оставка со образложени дека на тој начин сака да придонесе за забрзување на политичките реформи, но според Фегета, тој засега ќе ќе остане на функцијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје