Преглед на вестите од светот
Најмалку тројца загинати, 39 повредени, од кои седум во критична состојба откако вчера автобус се преврте во Сремска Митровица. Автобусот излетал од патот, а српските служби во околината беа мобилизирани со цел да им се помогне на настраданите. Противпожарните служби еден час ги извлекувале повредените.
Српскиот министер за внатрешни работи веќе објави детали за можните причини. Прстот го впери кон возачот.
Зеленски повторно отиде во Белата куќа. Се сретна со американскиот претседател Трамп. На средбата тој бараше притисок врз Владимир Путин, а Трамп смета дека такво нешто е возможно.
Како можни начини за притисок врз Москва би можеле да бидат ракетите со долг дострел „Томахавк“.
По средбата, оценката на Трамп е дека состанокот поминал одлично.
Зеленски, пак, вели, му верува на Трамп дека мир во Украина е можен.
Зеленски повторно го покренал прашањето за безбедносни гаранции, нешто што Кремљ го одби уште веднаш, по претходната посета на украинскиот претседател на Белата куќа. Сепак, Зеленски е свесен дека најголем проблем во евентуалите преговори би била територијалната поделба на Украина.
Иако се помина во најдобар ред, сепак во Киев нема многу оптимизам. Украинските експерти предупредуваат дека посетата на Зеленски на Белата куќа не смее да влева премногу надеж.
По договорот за прекин на огнот во Газа, Трамп сега се обидува да стави точна на руско-украинската војна која беснее од 2022 годината. Доколку успее да ги седне на иста маса Зеленски и Путин, а тие успеат да си пружат рака, тогаш извесно е дека Трамп ќе ја добие Нобеловата награда за мир.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар