Владата на Косово повторно за амандманите за формирање специјален суд
Косовската Влада ќе одржи денеска седница за повторно во собраниска процедура да се испратат предлог измени на уставни амандмани поврзани со формирање на специјален суд за воени злосторства на поранешната ОВК и специјално обвинителство.
Владата ќе усвои и Нацрт закони за правна заштита и финансиска поддршка на обвинети во судски процеси пред тој суд, објави Коха диторе.
Враќањето во собраниска процедура како и усвојување уставни амандмани претставува исклучително значаен чекор за Косово во исполнување на обврските преземени од меѓународната заедница, се вели во соопштение од Кабинетот на премиерот.
Обврската е преземена лани кога собранието со две третини гласови усвои Закон за меѓународен договор на Косово и ЕУ за продолжување на мандатот на мисијата Еулекс како и за потребата за формирање специјален суд за воени злосторства.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека