Владата ќе ја одржи редовната седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 152 седница со повеќе точки од дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.
Како што соопшти владината прес-служба, на седницата ќе биде разгледана информација со препорака за организирање на обуки од страна на државните институции во Република Северна Македонија на предлог на Агенцијата за развој на туризмот.
На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство министрите ќе ја разгледаат информацијата за потпишување на протокол за соработка во областа на земјоделството помеѓу нашето министерство и Министерството за земјоделство на Хашемитското Кралство Јордан.
Министрите денеска ќе разгледаат информации за учество на Република Северна Македонија во Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија во периодот 1 јануари – 30 јуни 2019 година, за подигнување на статусот на РСМ во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот ИХРА, како и информација за пристапувањето на нашата земја во Јадранско Јонскиот регион.
На денешната седница ќе бидат разгледани информација за работата на Комисијата за спроведување на реформи во пензискиот систем и годишен извештај за примена на Законот за бесплатна правна помош во 2018.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
