Бизнис
21. March 2023 - 16:40

Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот

Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот и тие од утре нема да смеат да се продаваат поскапо од тоа што се продавале на 15 март. Според податоците од Министерството за економија, на тој ден просечната цена на едно јајце била 8,5 денари, а највисоката 9,8 денари. Цената на оризот, пак, ќе остане на ниво од 80 до 100 денари во малопродажба.

Освен замрзнувањето на цената, одлуката на владата се однесува и на пласирањето на производите на домашниот пазар, со цел за да се избегне извоз на јајцата и оризот во земјите во регионот и со тоа да се избегне недостаток на овие производи на македонскиот пазар.

-Ако се дозволи извозот целосно повеќето поради економски интерес би можеле да го пренасочат производството за соседите на нашата држава. Затоа дополнително на одлуката, освен замрзнувањето донесовме и ограничувањето во делот на извот, каде што 70% од целокупното производство или пласманот што го имале во јануари и февруари сите наши производители да ги снабдуваат нашите ланци на маркети, а со тоа да нема недостаток на овој производ за сите наши граѓани, рече министерот Крешник Бектеши.

Оваа одлука доаѓа во пресрет на големите верски празници, Велигден и Рамазам Бајрам, кога се зголемува побарувачката на јајцата. Ставот на владата е дека генерално замрзнување на цените не може да има, и затоа се

 носат одлуки производ по производ согласно анализите што ги прават институциите.