Влада: Ниту повредените, ниту семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами
Трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и посочуваат дека како Влада имаат обврска покрај целосна истрага и расветлување на случајот, носење на сите инволвирани лица пред правдата, да обезбеди соодветна здравствена заштита и медицинска помош на сите повредени и нивни семејства.
-До сега како Влада обезбедивме 30 милиони денари за транспортот и сместувањето на придружбата односно за членовите на семејствата на повредените пациенти. Но, нашата грижа не завршува тука, бидејќи Кочани е наш приоритет и никој не смее да биде заборавен, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Дополнително, како што надополнуваат, отворена е телефонска линија која е во директна комуникација со претседателот на Владата. Повредените и нивните семејства можат да се јават на телефонскиот број 070/355-526 за да ги искажат своите барања, конкретни предлози и потреби кои ги имаат.
- На владина седница ќе донесеме одлука со која одморалиштето Пониква кое располага со 27 соби и 56 легла се пренамени во центар за рехабилитација, во кој медицински кадар ќе може да работи како на психофизичката состојба така и на пружањето на медицинска нега за брзо закрепување на повредените граѓани, се наведува во соопштението од Владата.
Оттаму посочуваат дека ова е заедничка борба и дека ниту повредените, ниту семејствата на починатите млади лица не се сами.
-Како Влада ќе направиме се што е во наша надлежност да помогнеме и да се обидеме да ја намалиме болката. Носиме конкретни мерки кои се од интерес на граѓаните. Државата мора и се менува, се истакнува во соопштението.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Зад потезите на Бугарија стојат стратегии кои се стари со децении
-
Невладиниот сектор нотира: Најголемиот дел од законите се носат по скратена постапка
-
Сеуште постојат бариери за лицата со телесен инвалидитет
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Обвинителството бара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче
-
Васил Јованов кој ја прегази Фросина повторно пред суд, овој пат за трговија со дрога