Вкупно четириесетина ученици поднеле барање за прием во ученичкиот дом во Куманово
Вкупно четириесетина ученици од селата од кумановско и од општините Кратово, Крива Паланка и Старо Нагоричане поднеле барање за прием во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ" во Куманово, информираа денеска од образовната установа. Учениците кои се запишале во првиот и вториот уписен рок, ќе се сместат на почетокот на учебната година.
Установата е подготвена за почеток на учебната година за прием и сместување на учениците кои одбрале да учат во една од насоките на петте средни училишта во градот, објаснуваат надлежните.
- Секоја година се намалува бројот на ученици во средните училишта, а со тоа и интересот за прием во ученичкиот дом, изјави, директорката Љубица Павловски.
Условите за изведување на настава и домување ги задовуваат потребите на учениците, оценуваат надлежните. Интернатот располага со библиотека, кабинети и простор за рекреација. Учениците добиваат и поддршка од професори за дополнителна настава по предмети за кои имаат потреба.
Сместувањето на учениците во ученичкиот дом го финансира Министерството за образование. Проектираниот капацитет на „Професор Мијалковиќ" во Куманово е 120 ученици.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Герард Кестел, Меѓународниот институт за социјални студии во Холандија
-
Средба Николоски-Караџов: Брзо да се финализира договорот за изградба на железнички тунел
-
Кочовска: До овој момент нема понуда за пругата од Коридорот 10
-
Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, аналитичарите не очекуваат исчекор во македонските евроинтеграции
-
Филипче во Берлин ќе лобира против „современ“ македонски јазик
-
ЗНАМ до средината јули ќе ги објави кандидатите за градоначалници
-
По одлуката на Уставен, ВРЕДИ и ДУИ се судрија за пописот во 2021
-
Пазарниот инспекторат констатирал зголемување на цените во маркетите, но не биле повисоки од пред замрзнувањето