„Виталиа“ донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника
Компанијата „Виталиа“ соопшти дека донира пакети здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал во Клиниката за инфективни болести во Скопје.
– Секој што припаѓа на медицинскиот кадар во земјава, без разлика дали тоа се доктори, сестри или останати вработени во здравствените установи, се на првата линија на одбраната од коронавирусот. Со нивните непрекинати напори, безрезервен труд и максимално вложување, тие ни даваат пример дека само со меѓусебна поддршка можеме да ја пребродиме оваа кризна состојба. Наша должност е да се грижиме за медицинските работници, така како што најдобро умееме – со сет од здрави продукти кои ќе им помогнат во одржување на добра психофизичка кондиција, како и заштитна опрема која е неопходна во оваа заедничка борба со коронавирусот, велат од „Виталиа“.
Пандемијата со коронавирусот, посочуваат, има глобални размери, но нејзините економски ефекти се чувствуваат и на локално ниво, кај секоја компанија и сите граѓани.
– Се соочуваме со уникатен предизвик – да продолжиме да го правиме тоа за што сме најподготвени, да обезбедуваме здрава храна за корисниците, да помогнеме секаде каде што можеме, но и да ги заштитиме нашите вработени. Со своите активности, како бесплатната достава на здрава храна за лицата над 60 години, компанијата овозможува граѓаните да го минимизираат движењето, особено најранливите категории, да останат во своите домови и на тој начин да помогнат во зачувувањето на најважното – сопственото здравје, како и здравјето на своите сограѓани, истакнуваат од „Виталиа“.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј