Македонија
15. November 2025 - 19:40

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес

Марш на ангелите во Скопје. Родителите на децата чии животи згаснаа во кочанската дискотека, денеска маршираа по улиците на главниот град. Се собраа на плоштадот Македонија, по триминутниот молк, продолжија кон Собранието, а маршот го завршија пред кривичниот суд. 

На маршот присуствуваше и сопругата на починатиот Андреј од ДНК. Во своето обраќање пред Собранието повика и пратениците да се вклучат во расфетлување на случајот. Предлага формирање на надзорна и анкетна комисија за да се утврди што ја предизвикало трагедијата.

Маршот на ангелите заврши пред кривичниот суд. Родителите, директно им се обратија на судиите, тие да ја обезбедат правдата и како што потенцираа, да ја вратат довербата во системот. Очекуваат транспрантен судски процес кој ќе ја утврди вистината за пожарот.

Маршот се случува неколку денови пред почеток на судењето закажано за среда.

На обвинителна клупа ќе седнат 35 физички лица и три фирми. Обвинети се за тешки дела против општата сигурност за пожарот во „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.