Свет
15. November 2025 - 19:50

За десет месеци албанската полиција уништила над 200 илјади стебла марихуана

Албанската полиција во периодот јануари-октомври годинава, идентификувала и уништени вкупно 203.960 стебла марихуана, од кои 106.894 стебла биле идентификувани со воздушно следење, а 97.066 со теренски контроли, од страна на структурите на државната полиција.

Според генералниот директор на полицијата, Илир Прода, регионот Скадар, во северниот дел на земјата, останува регион со најголем ризик, со уништени 105.591стебла. Во исто време, структурите на државната полиција идентификувале и уништиле во почетната фаза 17.447 садници а заплента е и поголема количина семе марихуана.

МИА