Свет
7. December 2017 - 9:00

Вилијамсон: Најдобро решение за британските исламисти е да бидат убиени

 Новоименуваниот британски министер за одбрана Гевин Вилијамсон изјави дека најдобро решение за државјаните на Велика Британија, кои се борат во редовите на групата Исламска држава (ИД) е да бидат убиени на фронтот во Сирија и Ирак.

- Мртов терорист не може да и наштети на Британија. Ние треба да направиме се што е можно да ја уништиме заканата по нашата земја, изјави Вилијамсон во интервју за „Дејли Мејл“.

Се проценува дека околу 800 британски исламисти се вклучиле во редовите на ИД во Ирак и Сирија. Од нив, 130 се убиени, 400 се вратиле во Велика Британија каде се под мониторинг на безбедносните служби, а 270 се уште се на Блискиот Исток.

Вилијамсон најави дека на британските исламисти кои се во други држави нема да им биде дозволено да се вратат во земјата.