Македонија
16. October 2025 - 12:35

Кадарот и возилата болна точка за пожарникарите

Кадарот и возилата и натаму болна точка за противпожарната единица.Со оглед на се поизразените пожари на отворено со кои се  прават натприродни напори за да се згаснат а воедно се уништуваат огромни количини на шумски појаси се јавува и потребата од  волонтери. 

Новоформирано друштво  Ентузијаст –од  Дебрца” кое брои  15 обучени лица функционира на волонтерска основа и  е од помош на професионалните пожарникари од охридската единица која покрива огромна територија од Белчишта до

Пештани,ќе добие противпожарно возило донација од Австрија.

Во наредниот период друштвото ќе се доопремува со што ќе се зголемат капацитетите за дејствување.