Викендов 16 сообраќајки во Скопје, едно лице потешко повредено

Едно лице било потешко повредено во една од вкупно 16 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки со полесни повреди се здобиле осум лица, а во 10 била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 12 возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување, 10 возачи за неправилно престројување и четворица возачи за неправилно престигнување.
Од сообраќај биле исклучени седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и 25 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 11 возила со истечена важност на сообраќајната дозвола и три технички неисправни возила. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 153 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 149 возила.
Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со децата од средна и голема група во детската градинка „Весели цветови“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
-

По сообраќајка на Бит Пазар, физичка пресметка со остар предмет, а потоа истрели од оружје
