-->
-->
(ВИДЕО): Победа на Крка во драматичниот меч со Задар
-->
Кошаркарите на Крка го добија мечот со Задар со кој беше отворено 7.коло во регионалната АБА лига.
На редбата одиграна во Ново Место, јунак на домашниот тим беше Кори Роналд Ли со кошот кој го постигна на нецели 6 секунди пред крајот носејќи му триумф на тимот на Крка со 80-79. Воедно Ли беше и најефикасниот кошаркар во победничката екипа со 14 поени.
Екс играч на МЗТ Скопје, Иван Маринковиќ кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 24 поени и 10 кокови не му помогна на Задар да го избегне четвртиот пораз сезонава.
Денеска во АБА лигата се играат два натпревари, Цибона – ФМП и Партизан – Будуќност, а по две средби ќе се одиграат утре и задутре.
Утре, МЗТ Скопје гостува кај Мега Лекс (19 часот), а Игокеа ја пречекува Цедевита
Во понеделник (21 часот) Карпош Соколи против Олимпија ќе атакува на првата победа во АБА лигата, а Партизан кај Морнар ќе се обиде да го задржи максималниот учинок.
Табела: Црвена звезда 6-0 (победи-порази), Будуќност 6-0, Партизан 6-0, Цибона 5-1, Крка 4-3, Задар 3-4, Цедевита 3-3, Игокеа 3-3, Морнар 2-4, ФМП 2-4, Мега Лекс 1-5, МЗТ Скопје Аеродром 1-5, Унион Олимпија 1-4 и Карпош Соколи 0-6.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV
-
Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно
-
Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
-
Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите
-
Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Лав 14
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки