Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
Грег Попович се повлекува од функцијата главен тренер на Сан Антонио Спарс и ќе ја преземе функцијата претседател на кошаркарските операции во клубот, објави Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА).
Попович (76) кој има најмногу победи како тренер во историјата на НБА, доживеа благ мозочен удар минатиот ноември и не се врати на работа до крајот на сезоната.
- Иако мојата љубов и страст кон играта остануваат, решив дека е време да се повлечам од функцијата главен тренер. Засекогаш ќе им бидам благодарен на прекрасните играчи, тренери, персонал и навивачи кои ми дозволија да им служам како главен тренер на Спарс, и сум воодушевен што имам можност да продолжам да ја поддржувам организацијата, заедницата и градот кои ми се толку важни, изјави тренерот.
Попович е трикратен тренер на годината во НБА. Тој ги предводеше Сан Антонио Спарс до пет шампионски титули (1999, 2003, 2005, 2007, 2014), а машката репрезентација на САД до златен медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.
Попович беше примен во Кошаркарската куќа на славните како тренер во 2023 година.
Стручњакот ја презеде тренерската позиција во Сан Антонио во 1996 година и го претвори тимот во еден од најуспешните во НБА.
Ново на Сител
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги
-
Кремљ: Колку помалку оружје за Украина – толку поблиску е крајот на војната
-
„Амазон“ го достигна милионитиот робот во своите погони
-
Автомобил се преврте во Бутел, пет лица повредени меѓу нив и двајца малолетници
-
При судар со автомобил тешко повредени 17-годишен возач на мотоцикл и неговиот 16-годишен сопатник
-
Пратеничка добила закани од лице кое било во „мерцедес“