Кошарка
3. May 2025 - 9:48

Хјустон го победи Голден Стејт и израмни во плејофот во НБА

Во шестиот натпревар од првото коло од плејофот во НБА, Хјустон го победи Голден Стејт Вориорс на гостински терен со резултат 115:107.

Најефикасни кошаркари на теренот беа бекот на Рокетс, Фред ВанВлит, и ѕвездата на Вориорс, Стивен Кари, кои постигнаа по 29 поени.

Резултатот во серијата сега е 3:3.

Решавачкиот седми натпревар ќе се одржи на 5 мај.