Вештачењето за случајот „Ласкарци“ пристигна во Кривичен, судење во јануари
Супервештачењето кое цела година го изработуваше Бирото за судски вештачења, пристигна во Основниот кривичен суд.
-Ја информираме јавноста дека денеска, непосредно пред почетокот на главната расправа за предметот со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај с. Ласкарци , во судот беше доставен предметот со сите списи и изготвениот вешт наод и мислење од Бирото за судски вештачење каде предметот беше испратен на супервештачење пред една година, велат од судот.
На денешното рочиште, примерок од вештачењето добија обвинителството и одбраната, и со заеднички договор, одлучено е судењето да продолжи во јануари. Во првите два месеци од новата година, закажани се седум судења.
-Судењето ќе продолжи на 24.01.2023 година кога формално треба да почне од почеток заради проток на 60 дена, за што постои и согласност од странките, за потоа да бидат повикани на сослушување и вештите лица кои го изработија наодот, со што доказната постапка ќе биде завршена и ќе се изведат завшрните зборови на странките пред објавување на првостепена пресуда, се вели во известувањето од Основниот Кривичен суд.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Коалицијата на СДСМ вечерва во Штип и Пробиштип
-
Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Почна судењето за поранешната претседателка на Антикорупциска
-
Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражуваат и други лица и институции
-
Ветувања на коалиција ВМРО-ДПМНЕ: Нови автобуси, БРТ за Скопје, гаражи во Карпош
-
Филипче: Власта е прочитана како буквар, ниту една реформа не е спроведена
-
Справување со корупцијата, решенија за јавен превоз и хигиена - Изборни ветувања на албанските партии