Верстапен го презеде водството по вториот тренинг пред ГП на Штаерска
Макс Верстапен го забележа најдобро време во втората слободна тренинг сесија пред Гран-при на Штаерска во недела.
Со тоа, возачот на Ред Бул обезбеди потенцијална пол-позиција за трката в недела, бидејќи под знак прашалник е спроведувањето на третиот тренинг и квалификациите, заради планираните грмотевици утре над „Ред Бул Ринг“.
Можно е и преместување на квалификациската сесија за недела наутро, но се чини дека е малку веројатно поради зафатениот распоред на австриската патека.
Втор по Верстапен заврши минатонеделниот победник на Гран-при на Австрија, Валтери Ботас, кој заостануваше само 43 илјадити делови од секундата зад лидерот.
Првите три ги комплетираше Серхио Перез, а доброто темпо на Рејсинг Поинт го потврди неговиот соиграч Ленс Строл, кој остана на четвртото место.
Шесткратниот светски шампион Луис Хамилтон остана шести, додека возачите на Ферари – Шарл леклер и Себастијан Фетел останаа деветти и 16-ти, соодветно.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите