Верижна сообраќајка кај село Лопатица - едно лице пренесено во болница
Едно лице е пренесено во болница заради здобиени повреди во верижна сообраќајна незгода која се случила на регионалниот пат Битола - Кичево.
- На 19.04.2021 во 11.13 часот било пријавено на регионалниот пат Битола – Кичево, на излез од с.Лопатица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(37) од Скопје, патничко возило „фиат пунто“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(62) од Демир Хисар и товарно возило „ивеко“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(47) од с.Логоварди, соопшти МВР.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фиат пунто“ Д.Ѓ.(63) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод
-
СДСМ на граѓанска трибина во Карпош
-
Тема на денот со Драган Ѓилас, претседател на ССП и лидер на опозицијата во Србија
-
„Имаше експлозија и голема поплава“, сведочат граѓани за пукањето на водоводната цевка во Влае
-
Мега паркови и еко-мерки дел од ветувањата од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
-
Филипче: Власта ги злоупотребува државните институции во кампања
-
Ветувања за подобра инфраструктура во скопски Чаир
-
Предизборна кампања на независните кандидати и помалите партии