Велковски: 100.000 пензионери со примања под минималната плата едвај врзуваат крај со крај
„Статистиката говори за жал многу лоши податоци, а тоа е дека околу 100.000 пензионери, граѓани на Република Македонија за жал живеат со под 20.000 пензија. Тоа ако видите во пресметките е под минималната плата и може да замислите како овие луѓе врзуваат крај со крај да го истераат месецот“, изјави денеска техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски којшто одржа средба со пензионерите од Општина Тетово.
Велковски е категоричен дека идната влада мора да обезбеди повисоки пензии за пензионерите во Македонија со итна реализација веднаш по завршување на изборите на 8 мај, но пред се да има слух и разбирање за нивните барања.
„За жал од август 2023 година истите барања од страна на пензионерите се повторно на маса. Денес во Тетово го говоревме истото дека се потребни повисоки пензии, потребно е линеарно пресметување на пензиите и исполнување на другите барања коишто се 7-8 на број, права коишто им биле скратени низ овие години наназад. Ова беше потенцирано не само од иницијативниот одбор, туку и од сите пензионери присутни на денешната средба. Тие се луѓе кои што се со најголема толеранција, но притиснати од целата ситуација во Македонија, започнаа со протести за своите основни права“, додава тој.
Министерство за труд и социјална политика
Ново на Сител
-
Се појави бел чад од оџакот над Сикстинската капела, избран e новиот папа
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки
-
Кривична за сопственик на фирма, работник без работна дозвола се заглавил во работна машина и починал
-
Лишен од слобода албански државјанин на ГП „Блато“, понудил поткуп на полицаец
-
ОЈО отвори истрага против 21-годишен скопјанец, во претрес на таванска просторија во зградата каде живеел пронајдена дрога и оружје
-
Малолетник нападнат од неколку лица на автобуска станица во Центар