-->
-->
Велешанец вооружен до заби, полицијата му заплени цел арсенал
-->
СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето К.Т. (68) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали„.
На 10. јуни од страна на полициски службеници извршен бил претрес во домот на пријавениот при што била пронајдена пушка марка ,,Бајкал”модел ИЖ-26- Е калибар 12мм, ловна пушка марка ИЖ калибар 16мм која пријавениот ја поседува со дозвола и пневматска пушка марка ,,Гамо” модел 610 со калибар 4,5мм. Ловните пушки биле со патрони.
Исто така пронајден бил пиштол марка Екол Туна со калибар 6,35 мм и пет куршуми калибар 6,35 мм, 55 патрони марка Белон и Крушик калибар 16мм како и 24 патрони марка Корона калибар 12мм.
Од преземени мерки утврдено бил дека пушката, пиштолот и муницијата неовластено ги поседувал во својот дом.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет