Ватикан ја ублажи критиката кон полските политичари за мигрантите
Ватикан ја ублажи критиката кон политиката и односот на полските политичари кон мигрантите, пред денешната посета на папата Франциско на Краков, пишуваат италијанскте весници.
Според „Стампа“; критиката на еден полски бискуп кон политичарите во Полска, во која ги обвинува за создавањетп „вештачки страв од муслиманите“ била тргната од интернет страницата на Светата столица.
Папата престојува во овој полски град за да учествува на манифестацијата Светски ден на католичката младина, што се одржува само еден ден по бруталното убиство на еден француски свештеник од страна на двајца млади џихадисти.
Католичкиот поглавар веќе го осуди убиството, додека на собирот во Краков е најавено дека тој ќе зборува за верското насилство, за прогонувањето на христијаните, но во исто време ќе ги предупреди Европа и Полјаците да не „паднат во замката на ксенофобијата“.
Италијанскиот весник потсетува дека Полска бепе обвинете за „вештачкиот страв“ што се создава во инаку „етнички хомогената“ земја.
Полскиот бискуп Павел Рутел-Андријаник во својот напис, што подоцна беше отсранет, го критикува отсуството на критична дебата за системот кој ги учи Полјаците за „разновидноста“. иако станува збор за земја во која само 0,4 отсто од населението не е родено во Полска..
Мнозинството од конзервативните полски католички свештеници не секогаш гледаат со одобрување и се согласуваат со идеите на папата за тоа, констатираат весниците во Италија.
Ново на Сител
-
Две лица од Неготино криумчареле седум мигранти, меѓу кои пет малолетници
-
Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните
-
Израелската влада го одобри договорот со Хамас
-
Седумгодишно дете загина во руски напади во областа Запорожје
-
Без вода дел од корисниците на булеварите „Илинден“ и „ВМРО“
-
Дуел со Белгија за првото место во групата
-
САД преместуваат 200 војници во Израел за да го чуваат мирот
-
Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори