-->
-->
Вацке: На играчите им кажав дека нема да се предадеме на тероризмот
-->
Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке го повика на тимот да се справи со притисокот и да биде над тероризмот што се случи вчера во бомбашкиот напад на клупскиот автобус.
Три експлозии се случија во близина на брендираниот автобус на „милионерите“ на патот кон стадионот „Вестфален“, каде што требаше да се игра првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Монако.
- Во соблекувалната им реков на играчите да покажеме на нашата јавност дека ние нема да се предаде на тероризмот, изјави Вацке за новинската агенција АФП.
Во нападот со фрактура и исеченици на раката се здоби Марк Бартра кој е опериран и се наоѓа во добра состојба.
Мечот Борусија Дортмунд – Монако е презакажан за денес во 18:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини