Македонија
28. March 2025 - 15:35

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест пред Собрание на РСМ

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на РСМ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.