Македонија
31. March 2025 - 9:41

Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани

Во Спортскиот центар Аеродром – ООУ „Блаже Конески“ - Скопје  вчера  се одигра хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани, објави Бигорски манастир.

Натпреварот се одржа меѓу екипите ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот „Свети Јован Бигорски“ и екипата од Република Србија– поклоничко друштво „Пут на Свету Гору“.

Во пријателскиот  натпревар одигран во спортски дух подобра била гостинската екипа.

-Сите собрани средства од натпреварот ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. Упатуваме голема благодарност до гостите од Србија, како и до сите учесници, публиката и сите хумани луѓе што помогнаа и донираа, стои во објавата.