Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
Предлог-законот за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк вечерва помина на собраниската Комисија за финансирање и буџет и оди на понатамошна постапка во Собранието.
Три амандмани од опозицијата, меѓу нив и зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 140 на 160 денари, не беа поддржани.
Со Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк се врши проширување на опсегот на корисници и на втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава, кои немаат месечен приход полем од минималната нето-плата за тековната година.
Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари, што студентот ја добива од Министерството за образование и наука за купување приготвена храна. Износот на субвенциониран студентски оброк се усогласува во согласност со инфлациската стапка после секоја фискална година, а пред донесување на републичкиот Буџет за следната година.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана