Утре пеколно топло - Ќе има ли разладување во наредните три дена
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Мала локална облачност ќе има во планинските региони. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 12 до 19, а дневната од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.
СКОПЈЕ УТРЕ: Сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец и со мала локална облачност. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 36 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во текот на идната недела ќе продолжи периодот топло и претежно стабилно време. Зголемена облачност ќе има во среда кон крајот на денот и ќе е проследена со услови за краткотрајна нестабилност со ретки грмежи пред се во западните делови. Наоблачувањето со услови за слаб дожд ќе потрае и преку ноќта кон четврток. Во четврток и понатаму ќе ќе продолжи топлото време, но со умерена облачност. Ново поголемо наоблачување ќе следи за време на следниот викенд, иако во сабота ќе биде доста топло.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци