-->
-->
Уште една сообраќајна несреќа - Усмртен пешак во Тетово
-->

Сообраќајна несреќа во која е усмртен пешак се случила денес околу 11 часот и 50 минути, на Булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово.
Во несреќата, информираат од СВР Тетово учествувале товарно моторно возило „Мерцедес вито“ со тетовски регистерски таблици што го управувал 48-годишниот С.А. од Тетово и пешак J.Ѓ. на возраст од 57 години, исто така, од Тетово, а кој ја преминувал улицата од едната на другата страна, надвор од обележан пешачки премин.
Од ударот пешакот се здобил со тешки повреди и од возачот на „Мерцедесот“ со друго возило веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде набрзо им подлегнал на повредите.
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршија увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините, околностите и се друго поврзано со оваа сообраќајна несреќа, додека по наредба на јавниот обвинител врз безживотното тело на пешакот ќе се изврши обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: Лидерската е вовед во политички дијалог, но без големи очекувања
-
Teма на денот со Ивон Величковски
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати