Уште еден германски војник уапсен под сомнеж за тероризам
Германските власти уапсија уште еден припадник на армијата, кој е осомничен дека е дел од неонацистичка група која планирала да изврши атентати врз видни политичари и да ги обвини бегалците за нивното убиство.
Портпаролот на Федералното јавно обвинителство Фрауке Келер денеска изјави дека војникот Максимилијан Т., на возраст од 27 години, е уапсен во градот Кел под сомнеж дека подготвувал акти на насилство.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, германскиот војник бил стациониран во истата француско-германска касарна во градот Илкирх, заедно со поручникот Франко А., кој беше уапсен на крајот на април под исти обвиненија.
Според обвинителството, Максимилијан Т. го криел Франко А. додека тој бил отсутен од воениот објект.
Франко А. иако не знаел арапски, ниту имал било какви документи успеал да се пријави како бегалец и да добие заштита од германските власти.
Ново на Сител
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон