Уште две лица уапсени во врска со смртта на 39 лица во камион во Англија
Уште две лица се уапсени во врска со смртта на 39те лица пронајдени во приколка на камион во југоисточна Англија, соопшти денеска британската полиција.
Во соопштението се посочува дека маж и жена од Варингтон, северозападна Англија, се уапсени под сомнение за убиство и трговија со луѓе.
Возачот на камионот се уште е во притвор под сомнение за убиство.
Телата беа пронајдени во средата во приколката на камион- ладилник во индустриската зона во местото Грејс, на околу 40 километри источно од Лондон. Камионот и приколката со луѓето внатре, по се изгледа, се движеле одделно пред да стигнат до индустриската зона.
Британските медиуми објавија дека жртвите биле кинески државјани, меѓутоа, кинеската амбасада во Велика Британија денеска соопшти дека полицијата сè уште ги проверува идентитетите на жртвите и дека нивната националност сè уште не е утврдена.
Ново на Сител
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ
-
Преглед на вестите од светот
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди