Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. На 14 октомври, пак, истекува рокот за пријавување на лицата кои сакаат да гласаат на изборите а кои издржуваат мерка куќен притвор.
Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање - 10 октомври на полноќ.
За да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена соодветна медицинска документација.
Немоќните или болни лица, лицата во куќен притвор, затворениците и лицата во старските домови гласаат во сабота на 18 октомври, еден ден пред денот определен за гласање на изборите. Избирачките одбори го спроведуваат гласањето во домовите на болните и немоќни лица и на лицата кои се во домашен притвор.
Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Македонија за локалните избори 2025 година изнесува 1.832.415 избирачи.
Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, додека 112.000 избирачи се запишани во посебниот Избирачки список за лица на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. На овие избори не се спроведува гласање во дијаспората.
МИА
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини