Уште 10 жртви на Ковид-19 во Косово
Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани 10 починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 достигна до 236.
Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести.
Во текот на вчерашниот ден, официјално се евидентирани 224 новозаболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 8.554.
Вчера се евидентирани и 152 излекувани, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностицирани како заразени и ја совладале болеста достигна до 4.730.
Активни носители на вирусот во земјата се 3.588 лица. Вчера се извршени 434, а од почетокот на пандемијата, вкупно 36.943 тестирања.
Ново на Сител
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ