Управителот на ЕВН осомничен за препродажба на парцели во Делчево
Во истрагата за ЕВН поради која минатата недела се правеа претреси по домови на лица во Скопје и Делчево, како што објави „А1он“, главен осомничен е управителот на „ЕВН Македонија Електрани“ Игор Гиевски.
Се работи за продажба за земјоделско земјиште во Делчево, а во истрага во оваа фаза се вклучени неколку државни институции.
Од „А1он“ посочуваат дека Гиевски заедно со уште петмина, од кои тројца се физички лица, а двајца вработени во ЕВН, земјиште кое прикажале дека го добиле како подарок, неколку дена потоа, го продале за 1,5 милиони евра на ЕВН.
Гиевски не ја коментирал истрагата. – Не би коментирал сега ништо, рекол Гиевски на прашањето од „А1он“ дали и кај него е направен претрес, по што додал дека „за се друго што ве интересира имаме официјален портпарол. Нема таква информација, се што е дојдено е преку фирмата, така што, немам што да ви додадам“.
Портпаролката на ЕВН Ленче Карпузовска за МИА рече дека не коментираат, дека има истрага и соработуваат со Финансиската полиција.
Ново на Сител
-
Успение на Пресвета Богородица - стотици верници со собраа во манастирот кај Матка
-
Мицкоски: Растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на владата на СДСМ
-
Стружани бараат возобновување на црквата
-
Мицкоски: Опозицијата ќе биде поразена, од ДУИ велат, тој испраќа пораки за затоплување на односите
-
Во земјата се потребни повеќе центри за менаџирање на дебелината
-
Сејф сити - Систем активен во Словенија, наскоро и во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните верници го слават празникот Успение на Пресвета Богородица