УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Со новите мерки ќе се придонесе за развој на спортот
Со четирите мерки со кои ќе се поддржат спортските клубови и ќе се придонесе за развојот на спортот во државата, а кои пред неколку дена ги промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе се направи огромен чекор во македонскиот спорт. Спортистите и спортските работници и претседатели на федерации ги дефинираа мерките како револуција во спортот.
Ова денеска беше истакнато на настанот, кој го организираше Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Персантина Цветковска, претседател на централната комисија за односи со јавност на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека една од мерките е ограничено ослободување на данокот на добивка за компаниите и фирмите, кои ќе инвестираат дел од својата добивка во некој спортски клуб или спортска федерацијата.
Компанијата која дел од својата годишна добивка во износ од 20 отсто ќе го инвестира за некој спортски клуб, потенцира, ќе добие одреден износ на даночно ослободување кое во овој случај ќе изнесува 100 проценти од вкупно инвестираните средства дополнително за делот од 20 до 30 проценти од остварената добивка самата компанија ќе добие доополнително ослободување од 50 проценти.
- На пример ако една компанија остварува околу еден милион евра годишна добивка и одлучи 20 отсто (200.000 евра) да ги инвестира во некој спортски клуб во тој случај за истиот тој износ ќе добие 100 процентно даночно ослободување. Дополнително доколку истата компанија одлучи да инвестира уште 10 отсто (100.000 евра) таа ќе добие 50 отсто намалување на даночната основица односно околу 50.000 евра од остварената добивка нема да биде предмет на одданочување, рече Цветковска.
Во врска со таа мерка, нагласи, има одредени позитивни исклучоци кога станува збор за поскапи спортови, како што се на пример: ракометот, фудбалот и кошарката, каде износот на даночно ослободување ќе биде значително повисок. Укажа дека во рамки на оваа мерка е предвидено да бидат финансирани истакнати наши спортисти кои веќе имаат докажани резултати дома и надвор.
- Во однос на финансирањето на индивидуалните спортисти секоја компанија која сака да одвои дел од својата добивка максимално може да добие до шест отсто даночно ослободување во оние случаи кога финансира некој спортист кој се занимава со некоја олимписка дисциплина додека за останатите спортисти кои инвидуално се занимаваат со спорт кој не влегува во рамки на олимписките дисциплина во тој случај максималниот износ на добивка кој може да го издвои една компанија изнесува три отсто, истакна Цветковска.
Посочи дека оваа мерка е многу значајна бидејќи значителен дел од средствата кои една компанија ги издвојува како данок на добивка индиректно ќе бидат префрлени за развој и поддршка на спортските клубови и спортските федерации со цел да се спречи евентуална злоупотреба на овие средства и ќе има одредени правила на финансирање.
Овие средства кои спортските клубови ќе ги добијат преку донации, појасни, ќе бидат префрлени на посебна сметка, значи нема да се уплаќаат на редовните сметки на компаниите, ќе има строго утврдени критериуми за начинот на кој ќе бидат потрошени овие средства кои ќе бидат однапред дефинирани во правилник кој ќе биде донесен од страна на Владата во соработка со министерствата за финансии и правда и Агенцијата за млади и спорт.
- Кога станува збор за спортските клубови кои ќе ги добијат овие донации од компаниите кои ќе бидат заинтересирани предност ќе имаат оние спортски клубови кои задолжително ќе имаат своја сопствена школа, кои се дел од првата лига и кои се занимаваат со спортови за кои веќе има органирано лиги, рече Цветковска.
Потенцира дека може дополнително да се финансираат и оние клубови кои се занимаваат со спортови кои не се дел од органираната лига, но во тој случај даночното ослободување за компанијата која ќе издвои средства за да го финансира овој клуб ќе бидат значително помали и ќе изнесуваат пет отсто од вкупно остварената годишна добивка.
- ВМРО-ДПМНЕ е партија која постојано вложува во спортот бидејќи спортот е една од стратешките определби на нашата партија. Токму затоа и Владата преку Агенцијата за млади и спорт постојано вложува максимално средства во изградба на спортската инфраструктура бидејќи наша единствена цел е поддршка на истакнатите и врвни спортисти во Република Македонија и создавање нови спортски ѕвезди кои ќе бидат наши идни амбасадори и ќе не претставуваат во светот на сите европски и светски натпревари, рече Цветковска.
Нагласи дека Унијата на ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе се залага за инвестиции во спортот, за неговото унапредување и негувањето на неговите вредности. - Инвестициите во инфраструктурата и пред се поддршката на младите спортисти останува главен приоритет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, додаде Цветковска.
Мартин Несторовски, професионален каратист, рече дека 21 година се занимава со карате и е првиот носител на бронзен медал на првите европски олиписки игри кои се одржаа во Баку, Азербејџан и е стипендист од светска категорија од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Посочи дека спортистите и спортските работници и претседатели на федерации во интерен муабет по промовирањето ги дефинирале мерките како револуција во спортот.
- Луѓето кои професионално се занимаваат со спорт знаат колку финансии треба за да може да се оствари еден врвен резултат и колку одрекување треба. Денеска не може да се замисли еден професионален клуб, спортист без нутриционист, кондиционен тренер, физиотерапевт, значи цел тим мора да стои позади него. Се тоа чини пари. Со овие мерки се прави уште еден бум во спортот, рече Несторовски.
Една од главните мерки на која сите спортисти гледаат позитивно, посочи, се спортските стипендии кои ги доделува Агенцијата за млади и спорт и се огромна потпора за спортот и за самите спортисти. Според него, Македонија ќе стане веле сила во многу спортови особено во боречките спортови бидејќи реално таму имаме најголеми успеси.
- Како што најави Груевски ќе се даде шанса конкретно на боксот како број еден спорт кој треба да се возобнови, а реално во нашата држава тој има голема традиција. Втор спорт кој ќе се фаворизира и ќе биде во овие мерки внесен е каратето. Македонија ќе биде водечка сила во овие спортови. Се надевам и верувам дека фирмира кои ќе се одлучат да инвестираат односно да го потпомогнат спортот нема да ги злоупотребат овие мерки за некои нивни цели, истакна Несторовски.
Во врска со тоа кога се планира да се имплементираат мерките, Цветковска рече дека се уште се работи на Предлог законот.
- Мора прво да помине на јавна расправа, да се договорат со федерациите, тоа се да биде како што треба. Се надевам дека во 2017 ќе почне тоа се да функционира, рече Несторовски.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност