-->
-->
Украински власти: Двајца убиени, шестмина повредени во руските напади врз Киев
-->

Најмалку две лица се убиени, а шест повредени во текот на ноќта во руски воздушен напад врз Киев, соопштија утрово украинските служби за итни случаи.
Две лица се убиени, а пет се повредени во бомбардирањето на деветкатна станбена зграда во областа Днепар, а уште едно лице е повредено во напад врз зграда во областа Печерск, соопштија службите за итни случаи.
Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана пресретнала 249 украински дронови над Русија во текот на ноќта.
Над Црното Море се соборени 116, во регионот Краснодар – 76, на анектираниот Кримски полуостров – 23 и 16 во регионот Ростов, соопшти руското Министерство.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕСМ ќе ѝ продава поскапа струја на ЕВН за околу 5%
-

Ѓорѓиевски: Целосно нормализирање на процесите со Комунална хигиена на пролет
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Апасиев ја закажа комисијата за трагедијата во Кочани, очекува присуство на Гаши, Мицкоски и Сиљановска
-

Повредените во „Пулс“ полека се враќаат во нормала
-

Moзаичната мапа пред охриѓани
-

45 евра казна за возачите без зимска опрема
-

Преглед на вестите од светот
