-->
-->
Украина го прекина транспортот на руски гас
-->
Украинското Министерство за енергетика соопшти дека утрово го прекина транспортот на руски гас низ земјата.
Во 7:00 часот, во интерес на националната безбедност, беше прекинат транспортот на руски природен гас преку територијата на Украина, соопшти украинското Министерство.
Во соопштението се наведува дека Украина за ова ги известила меѓународните партнери согласно утврдената процедура.
Го запревме транзитот на руски гас, одбележувајќи историски настан. Русија ги губи пазарите и ќе се соочи со финансиски загуби. Европа веќе одлучи да се откаже од рускиот гас. Европската иницијатива Repower EU се усогласува со она што Украина го постигна денес, наведе украинското Министерство за енергетика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија