Македонија
8. April 2025 - 13:36

Украдено службеното возило на градоначалникот на Аеродром

Градоначалникот на општина Аеродром, Д.М. (37) од Скопје, вчера (07.04) во 22 часот пријавил во Полициската станица Аеродром дека службено возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината, било украдено од гаража на булеварот „Јане Сандански“.

Според пријавата, возилото исчезнало во периодот од 15:30 часот на 4 април до 20:40 часот на 7 април. По полициска потрага, автомобилот бил пронајден на улицата „Перо Наков“ во Скопје, но со недостасување на една од регистарските таблички.

МВР информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.