Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија
Десетици цивили загинаа или се повредени во руски балистички напад врз градот Суми, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на социјалните мрежи.
Нападот се случил на обична градска улица, каде што биле погодени станбени згради, образовни институции и возила. Според Зеленски, нападот се случил на Цветници, христијански празник, што го прави уште потежок за локалното население.
Прелиминарните информации укажуваат на десетици загинати и повредени цивили. Зеленски изрази сочувство до семејствата на жртвите и истакна дека е во тек спасувачка операција, со ангажирање на сите надлежни служби. Тој го осуди нападот, нарекувајќи ги сторителите „одвратни злосторници“ и повика на решителен меѓународен одговор.Светот мора да реагира цврсто. САД, Европа, сите во светот што сакаат крај на оваа војна и овие убиства. Русија сака ваков терор и ја продолжува војната. Без притисок врз Русија, мирот е невозможен“, порача Зеленски.
Тој додаде дека преговорите не можат да ги запрат балистичките проектили и воздушните бомби, повикувајќи на построг однос кон Русија како кон терористичка држава. Зеленски им се заблагодари на сите што ја поддржуваат Украина во одбраната на животите на нејзините граѓани.
Украина соопшти дека Русија извршила повеќе напади врз градот Суми во североисточна Украина. Градоначалникот на градот изјави дека најмалку 20 луѓе се убиени.
Вработените во Итната помош кои пристигнаа на местото на првиот напад беа повредени во вториот напад.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани